Трејдот со кој Демиен Лилард се пресели во Милвоки Бакс се чини дека ја промени и рамнотежата на силите во НБА. Такви се барем очекувањата на светските букмејкери во пресрет на новата НБА сезона.
На помалку од еден месец од почетокот на новата сезона, Милвоки Бакс кои го добија Демиен Лилард како своја нова ѕвезда во тимот сега се прв фаворит на обложувалниците за нов шампион во лигата. Обложувалниците очигледно веруваат дека тандемот Јанис Адетокумбо – Демиен Лилард ќе биде незапирлив за ривалите.
Коефициентот дека „Бакси“ ќе ја освојат титулата е 4,6. Втор тим на листата е Бостон Селтикс кој минатото лето го донесе Кристапс Порзингис. Бостон има коефициент 6, додека трет е Феникс Санс чиј коефициент е 6,5.
На дури четвртото фаворитско место на американските обложувалници е актуелниот шампион Денвер Нагетс. Следуваат Лос Анџелес Лејкерс, Голден Стејт Вориорс, Кливленд Кавалирс и Мемфис Гризлис.