Само неколку дена откако новиот член на женската одбојкарска елита, штипски Младост УГД објави прво интернационално засилување од Босна и Херцеговина, веќе стигна и втората интернационалка во редовите на штипјанки.
Дарина Становова од Украина е второто засилување во екипата на Младост УГД. Украинката ќе биде засилување на техничарската позиција во тимот, што ќе му даде дополнителен квалитет на штипскиот тим кој се надева на одлична сезона во Првата лига. е млада и перспективна одбојкарка која има настапувано за екипите на Полтавчанка од Украина и Штернберк во Чешка.