Екипата на Феникс донесе американско засилување во своите редови. Се работи за Самаџе Хејнс-Џонс играч кој оперира на бековската позиција. Тој има настапувано за универзитетот Вичита во Канзас, а првиот настап во Европа го има во грузиското првенство и редовите на Кактус Тбилиси. Таму бележи просек по 20.2 поени, 3.6 скокови и 3.3 асистенции.
Во сезоната 2021/22 настапува во унгарското првенство за Веолиа каде на 31 одигран натпревар бележи 16.6 поени, 3.7 асистенции и 2.9 скокови за претходната сезона да го запознае и соседството настапувајќи во Грција и Бугарија за Аполон Патра и Спартак Плевен од чии редовите доаѓа во нашиот шампиона по сезона со просек од 14.0 поени, 4.1 асистенција и 2.5 скокови по натпревар.
View this post on Instagram