ФИФА му забрани на Васко де Гама да прави трансфери

111

Бразилскиот фудбалски клуб Васко де Гама доби суспензија од страна на ФИФА поради неисплатени суми кон други клубови по трансфери на фудбалери. Клубот не им платил на Лил, Национал и Атлетико Тукуман за трансферите на Лео Жардим, Пума Родригез и Мануел Капасо. Клубовите покренале постапка, па ФИФА реагираше.

Така Васко доби забрана за регистрација на нови играчи, но и да реализира нови трансфери додека не ги подмири долговите и финансиски да се стабилизира.
Васко се уште им должи на некои фудбалери кои повеќе не се дел од клубот.

Во соопштението на ФИФА се вели: „Клубот Васко де Гама во моментов е спречен да регистрира нови играчи поради неподмирен долг. Релевантната забрана ќе биде укината веднаш штом засегнатиот доверител ќе го потврди подмирувањето на долгот“.

ПретходноМатс Виландер: Новак е најдобриот, ама Федерер е најголемиот во историјата!
СледноЛајпциг го отпушти директорот поради преговори со Баерн