Челзи со астрономска понуда за Осимен во јануари, ќе понуди 170 милиони евра

195

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен уште во јануари ќе добие одлична понуда за преселба во Англија. По последните случувања со него во Наполи, англиските медиуми сметаат дека огромни се шансите тој да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Челзи во моментов ја разгледува опцијата да се врати во контакт со 24-годишниот нигериски напаѓач. Лондонскиот клуб е во потрага по нов центарфор, па раководството на тимот го смета Осимен за идеален кандидат. Забележано е дека Челзи е подготвен да плати околу 170 милиони евра за играчот.

Агентот на Нигериецот рече дека може да заврши на суд процесот против клубот поради видеото на кое Осимен промашува пенал, а беше објавено на социјалните мрежи.

ПретходноЧоло и Атлетико со три бода на тешкото гостување во Памплона! (ВИДЕО)
СледноТројца рековалесценти се враќаат во составот на Тен Хаг за мечот со Палас