Бразилецот Винициус Жуниор по четори меча пауза се врати во првиот тим на Реал Мадрид на мечот со Лас Палмас, меч кој “кралевите“ го добија со 2:0. Но сепак не беше се така идеално во редовите на тимот на Карло Анчелоти. Камерите за време на мечот забележаа дека нешто чудно се случува покрај аут линијата, имено во неколку наврати Дон Карло и Бразилецот жестоко се расправаат.
“Мораш да играаш поотворено“ му се дерел Карло на Вини, а овој му одговорил-„Па, што сакаш од мене!“.
Оваа расправија се повторувала во неколку наврати, а дека било толку жолчно меѓу нив, говори фактот дека по завршувањена средбата двајцата не се поздравиле, туку само се погледнале онака непријателски.