УНИКС Каза за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ победнички ја почна новата сезона во ВТБ лигата во која ја има улогата на бранител на титулата.
На домашен терен тимот на Нено го совлада Локомотив Кубан со 91:73. Уште на стартот домашните наметнаа ритам кој не можеа да го следат гостите, а предноста ја сочуваа до крај.
Македонскиот репрезентативец блескаше во дресот на Уникс, беше најефикасен кај Уникс воедно и на натпреварот со 22 поени, а имаше и седум асистенции.