Лина во финалето на ИТФ турнирот во Србија

83

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалниот меч на ИФТ Фјучерсот во Куршумлијска бања, Србија, откако денеска со маестрално издание и за неполн час игра успеа да ја совлада словачката тенисерка Салкова.

Во полуфиналната пресметка, Лина одигра импресивен меч против 352. тенисерка на ВТА листата совладувајќи ја во два сета со 6:1 и 6:3.

Лина за противник во финалето ќе ја има победничката од дуелот меѓу Висмане (Лет) и Ружиќ (Хрв).

ПретходноЕкс-репрезентативец на Холандија пријавен за исчезнат, па пронајден издрогиран во хотел!?
СледноЗаборски и Стојановиќ ќе се борат за бронза на Светската карате лига