Наполи триумфално во Лече, Елмас цел меч на клупа

127

Тимот на Наполи ја забележа четвртата победа сезонава во Серија А со денешната победа над Лече со 4:0 на гостински терен во рамките на 7 коло. Наполи немаше проблеми на „Виа дел Маре“, а го отвори резултатот во 16.минута преку Остигард. Во 51 минута на одлично нафрлување на Кваратшкелија, напаѓачот Осимен со глава носи водство од 2:0. Инаку Осимен не го почна овој меч туку влезе на почетокот на второто полувреме.
Во 88 минута Гаетано, шест минути откако влезе во игра, ја погоди мрежата додека конечниот резултат го постави Политано. Лече го запиша вториот пораз сезонава.

ПретходноВМФЛ: Беса сигурна во Струга, Детонит со “седумка“ за Башкими, Тетекс славенички во Гевгелија, Пелистер едвај во Неготино
СледноЈани Атанасов со убав гол стави печат на победата на Краковија! (ВИДЕО)