Полувреме во Ѓорче: „Лавовите“ водат со голот на Попзлатанов, Брера безопасна! (ВИДЕО)

202

Завршија првите 45.минути од првиот меч од 9.коло во ПМФЛ меѓу Македонија ЃП и Брера Струмица и тоа со водство на “лавовите“ од 1:0 со голот на Јован Попзлатанов во 44.минута.

Истиот играч во 12.минута упати закана кон гостинскиот гол, но тогаш не успеа да ја затресе мрежата.Потоа и Алексовски имаше шанса, но дури во финишот на полувремето Поплазтанов од “втора“го совлада Алчевски.

Брера Струмица безопасна, немаше ниту една шанса, закана, ако не се смета онаа на Малески, но Илиевски во таа 40.минута убаво му ја одзеде таа топка.

ПретходноТиквеш со „четири од четири“ во Супер лигата
СледноБлесок на Димитријевиќ, Уникс со убедлива победа