Стојкоски пред дуелот со Брера: Немаме друг избор освен победа!

129

Денеска од 14 часот во Ѓорче, Македонија ЃП во меч од 9.коло во ПМФЛ ја дочекува Брера Струмица. Факт е дека “лавовите“ оваа есен не тргнаа најдобро, по осмото коло тие се на 9.место на табелата со само 8 освоени бодови, па затоа трите бода денеска се императив.

Тоа го вели и Кристијан Стојкоски, капитенот на Македонија ЃП:

“Мораме да си признаеме дека досега не бевме на посакуваното ниво. Ние мораме да покажеме дека двете последователни титули во Купот не се случајни. Ќе го дадеме максимумот денеска пред нашата публика, ја респектираме Брера Струмица, но ние немаме друг избор освен победа“ заврши офанзивецот на тимот од Ѓорче.

Брера Струмица по првите четири кола кога беше максимална, сега веќе четири кола не знае за победа. Ова гостување за нив е многу значајно,зошто само со победа ќе бидат и натаму во горниот дел на табелата, во спротивно ќе ја продолжат серијата во која не знаат за триумф, а тоа секако дека нема да биде пријатно за никого во клубот.

Кога сме кај традицијата, овие два клуба одиграле 21 натпревари, и само три завршиле без победник. Осум пати победиле “лавовите“ додека десет пати се радувале струмичани, но треба да се каже дека на последните седум меѓусебни средби тимот на Брера Струмица победила само еднаш.

ПретходноАнтиќ и Георгиевски назначени за членови на натпреварувачката комисија во ФИБА и ФИБА Европа
СледноКожув го предизвикува МЗТ Скопје!