Вардар 1961 остана перфектен, Пелистер „газеше“!

371

Вардар 1961 и по четвртото коло остана непоразен. Сосема очекувано дојде до убедлива победа на гостувањето кај Прилеп каде славеше со 22-35. Оваа средба беше решена после првото полувреме по кое најтрофејниот ракометен клуб имаше позитива од 11-18, а веќе на стартот на вториот дел дојде до двоцифрени 16-26.

Николиќ имаше 11 гола, Јагуриновски седум. Цветаноски кај домаќинот запиша осум погодоци. Со овој триумф, Вардар 1961 се зацврсти на лидерското место на табелата во групата Б.

До очекувана победа дојде Пелистер, беше убедливо подобар од Вардар Неготино со 17-31. И битолчани името на победникот го решија рано, на одморот имаат плус пет (8-13), додека во продолжение набрзина зголемија на 10-22 и до крајот рутински го приведоа дуелот во своја корист.

Петар Атанасијевиќ постигна осум гола, Ненад Костески имаше сеудм. Кај домаќинот Адамовиќ имаше пет погодоци.

Пролет дојде до третата победа во групата Б, откако го совлада новајлијата Мулти Есенс со 32-27ненасувајќи му го четвртиот пораз во дебитанската сезона. Младиот гостински состав не успеа да се спротистави на Пролет, кој по првото полувреме водеше со 17-10, тука ја направи клучната разлика и искусно ја одбрани позитивата.

Палески постигна шест гола, Василевски пет. Во редовите на Мулти Есенс, Илиевски запиша осум погодоци.

ГРК Охрид не мина според очекувањата против Пелистер 2, едвај дојде до победата од 24-22. Вториот битолски тим го изненади составот на Стевче Алушовски, во првото полувреме ја имаше контролата на мечот. Отвори со 1-3, па водеше со 6-11, на одморот беше 10-12.

Охриѓани со серија од 3-0 се вратија во дуелот израмнија на 13-13 и тука почна резултаската нишалка. Нешто подоцна охриѓани дојдоа на 21-19 и тука го урнаа отпорот на противникот.

Орјоникидзе имаше седум гола кај победникот, Калајџиовски имаше ист број на погодоци кај Пелистер 2.

ПретходноМилан го “скрши“ Лацио за еуфорија на „Сан Сиро“!
СледноНа МЗТ Скопје му беа потребни пет минути во Гевгелија, дебитанска радост за Вардар