“Волците“ го шокираа Сити, овој Јунајтед е за плачење, Арсенал со нова победа! (ВИДЕО)

223

 

Супер интересно беше попладнево на шесте средби од 7.коло во Премиерлигата. Се разбира дека најголемото изненадување го направија „Волците“, кои на свој терен со 2:1 славеа против Манчестер Сити, ова за “граѓаните“ беше првиот пораз во новата сезона. Диас во 13.минута си постигна автогол,следуваше суперголот на Алварез од слободен удар за 1:1, но 66.минута Хванг стрелаше за 2:1.

На “Олд Трафорд“ повторно разочарување. Манчестер Јунајтед загуби од Кристал Палас со 0:1 и тоа со голот на Андерсен. Нема што, овој Јунајтед на Тен Хаг е за плачење.

Арсенал со 0:4 славеше кај Борнмут, и тоа со головите на Сака, Хаверц, Одегард и Вајт.

Њукасл со 2:0 го победи Барнли, Вест Хем со 2:0 беше убедлив со Шефилд, а Лутон како гостин славеше кај Евертон со 1:2.

ПретходноЛеверкузен си гази во Бундеслигата…(ВИДЕО)
СледноЛудница: Столе и Рајо во 90+12. минута со гол од пенал на Фалкао се спасија од пораз!