Етеми го постигна првиот гол сезонава во турската Супер лига (видео)

163

Македонскиот напаѓач Валон Етеми го реализираше првиот гол сезонава за Истанбулспор и тоа во шестиот меч. Етеми беше стартер на меч од 7 коло на Суперлигата, а ја затресе мрежата на Анталијаспор во 26 минута.
Тоа беше контра напад кој го поведе брзоногиот Мамаду. Сенегалецот се проби по крило, нафрли пред голот на противникот, а Етеми го совлада противничкиот голман.
Истанбулспор води на полувреме, а има уште 45 минути од мечот.

ПретходноЗдравковски и Мадервил во судиското продолжение испуштија бод против Селтик (видео)
СледноПМФЛ: “Лавовите“ ја “решија“ Брера Струмица, струмичани и дефинитивно се во криза! (ФОТО)