Здравковски и Мадервил во судиското продолжение испуштија бод против Селтик (видео)

126

Екипата на Мадервил за која игра македонскиот офанзивец Давор Здравковски за малку на свој терен ќе му откинеше бод на големиот Селтик. Гостите поведоа со гол на Палма во 88 минута. Веќе во следната минута влезе Здравковски за неговиот тим да заигра офанзивно и да проба да спаси што може да се спаси.
Мадервил изедначи преку Спитал во шестата минута од судиското продолжение, но тоа не беше се затоа што веќе во наредната минута преку О’Рајли Селтик ги извлече трите бода од ова незгодно гостување.

ПретходноАстон Вила со деветта победа по ред на домашен терен, Воткинс со хет-трик
СледноЕтеми го постигна првиот гол сезонава во турската Супер лига (видео)