Се мачеше тимот на Интер на гостувањето кај Салернитана цел еден час, се до моментот додека во 54. минута во игра не влезе Лаутаро Мартинез. Следуваше до крајот на мечот една од најдобрите поединечни изведби на еден играч во Серија А виден последната деценија. За половина час, аргентинецот постигна четири гола, и сам буквално му ја донесе победата на Интер од конечни 0:4.
Погоди во 62. 77. 85. од пенал, и 89. минута од мечот. Маестралната партија на напаѓачот беше испратена со овации не само од навивачите на Интер, туку и од остатокот од неутралната публика во Салерно.
Интер со оваа победа стигна до 18 поени по седум одиграни мечеви, исто колку што има и Милан.
El Capitano Lautaro Martinez Is subbed on and scores immediately.
Salernitana 0-1 Inter. ⚫🔵🇦🇷#SalernitanaInterpic.twitter.com/gfWBhgzQjs— $ (@samirsynthesis) September 30, 2023
Goal 🚨 | Salernitana 0-2 Inter Milan. Lautaro Martinez (Brace) Double the Lead. Brilliant Assist by Nico Barella.pic.twitter.com/3fTmgyUrx1
— ForeverFooty (@Footy_Forever2) September 30, 2023
⚽️ GOAL | 3-0 Inter
– Hatrick Lautaro Martinez#SalernitanaInter pic.twitter.com/yekPuTngj4— WB 🪐 (@MAXSPORTHD1) September 30, 2023