Попладнево се одиграа пет меча од 6.коло во Бундеслигата. Тимот на Чаби Алонсо, Баер Леверкузен уште една докажа дека е во страшна форма. На гости кај Мајнц победи со 0:3, ова беше петти триумф на “фармацевтите“, имаат и едно реми,и затоа се лидери на табелата.
Головите беа дело на Ван ден Берг автогол, Грималдо и Хофман.
Штутгарт на гостувањето кај Келн славеше со 0:2, и тоа со двата гола на Ундав.
Волфсбург со головите на Винд, промаши и еден пенал, успеа да го победи Франкфурт со 2:0. Додека Хајденхајм како домаќин со 1:0 го изненади Унион Берлин, стрелец на голот беше Бесте во 59.минута.