Нема нова чиста мрежа за нашиот голман Столе Димитриевски сезонава во Ла Лига. Имено неговиот Рајо денеска на свој терен одигра 2:2 со Мајорка и тоа во меч од 8.коло во Ла Лига. Се до 90+10.минута беше 1:2 за гостите, по што Рајо доби пенал. Прво Фалкао не успеа да го совлада Рајковиќ,но ударот беше повторен, а сега Фалкао беше успешен за конечни 2:2.
А се убаво почна за домашниот тим, Гарсија уште во 4.минута донесе водство, но следуваа головите на Муричи и Санчез за 1:2.
И тогаш се случи “лудницата“ по која Рајо Ваљекано се спаси од пораз.