Тимот на Тотенхем го доби викенд Премиер лигашкото дерби против Ливерпул со конечни 2:1. Во екстра фудбалска претстава во која видовме од се по нешто, клучниот момент се случи во судиското продолжение, во кое Матип со постигна автогол и му ги предаде едноставно трите бода на противникот.
Претходно, се водеше голема битка на теренот во која најпрво Куртис Џонс по само 26. минути игра поради „душмански“ старт заработи исклучување за да десетина минут подоцна Сон ги доведе домаќините во водство.
Сепак, пред полувреме повторно имаше важно случување. Коди Гакпо со прекрасна реакција во петерецот на домашните погоди за 1:1 при што и се повреди. На негово место влезе Диого Жота, кој усшеа во двесетина минути да заработи два жолти картона, и да го остави Ливерпул со деветмина.
И така гостите ќе издржеа да не беше лошата реакција на Матип и автоголот кој што си го постигна за комплетен триумф на домаќинот.