Милан го “скрши“ Лацио за еуфорија на „Сан Сиро“!

151

Милан и тоа како се враќа во игра, после оној пораз од Интер пред неколку кола. Милан е во победничка серија, а вечерва во дербито на 7.коло во Серија А, со 2:0 го победи Лацио за еуфорија на “Сан Сиро“.

Добар настап на тимот на Пиоли, а Лацио си тера по старо, ова е четврти пораз на “лацијалите“ во изминатите седум кола.

Пулишиќ го “отвори“ гостинот во 60.минута по асистенцијата на Леао, за да Португалецот во 88.минута подели уште една асистенција за Окафоркој ги постави конечните 2:0 за Милан и нови три бода за тимот од Милано.

ПретходноТолку од Ѓоко Хаџиевски во Вардар како спортски директор, одсега е тренер на Хајер во Саудиска Арабија
СледноВардар 1961 остана перфектен, Пелистер „газеше“!