На МЗТ Скопје му беа потребни пет минути во Гевгелија, дебитанска радост за Вардар

218

МЗТ Скопје со победа ја почна одбраната на титулата во домашниот шампионат. Тимот од Аеродром за пет минути со една долга серија ги реши гевгеличани. На крајот кошаркарите на МЗТ Скопје славеа со убедливи 64-86.

Танасковиќ со 17 поени беше прв стрелец, Баковиќ имаше 12 поени, 11 запиша Расел, Робев и Крстевски имаа по 10 поени. На другата страна Сластер имаше 16 поени.

По тројката на Колев за израмнување (3-3), гостите со серија од 18-0 поведоа со 3-21 во шестата минута. Колев повторно беше играчот кој ги разбуди своите соиграчи. Неговиот тим успеа да направи серија од 8-0 и да дојде на 11-26. По првата четвртина резултатот беше 14-26.

МЗТ Скопје продолжи во висок ритам, додека на другата страна гевгеличани ја минаа бариерата на постигнување на поени, но одбраната беше под нивото, па на одморот заминаа со негатива од 29-49.

Ништо не се промени ниту во третиот период, скопската „машина газеше“ на теренот, во 27 минута резултатот беше 40-72. Ова беше повеќе од доволна позитива за мирен финиш и сигурна победа на МЗТ Скопје.

За разлика од Гевгелија во Скопје дебитантите Вардар и Охрид одиграа доста интересен натпревар, а победата отиде на сметка домаќинот на кој славеше со 90-83. На теренот со водеше вистинска битка, се играше кош за кош .

Гостите ја добија првата четвртина со 13-21, а по изедначата игра во следниот период (21-21) и 32-42 за Охрид на одморот, домашниот состав се врати во последната четвртина. Митков, Атанасов и Наков постигнаа важни поени, а Вардар успеа да дојде до позитива за голема радост на стартот на дебитанската сезона. Гостите се обидуваа да се вратат со брзи фаули, но веќе беше доцна.

Андреја Атанасов беше стрелец на 23 поени, додека Наков на 21. Кај поразениот состав Бернард имаше 38 поени, кои не помогнаа за остварување на крајната цел.

ПретходноВардар 1961 остана перфектен, Пелистер „газеше“!
СледноРеал и одржа лекција на Џирона