Утре во рамките од најновото коло во ПМФЛ шампионатот се игра големото дерби помеѓу екипите на Шкупи и Струга ТЛ. Мечот се игра на Чаир, а истиот ќе биде неизвесен, како и секое дерби на екипи кои претендираат на шампионската титула.
Актуелниот првак Струга ТЛ секако дека пристигнува во Скопје со намера да освои бодови, иако тоа ќе биде многу тешко. Во своите редови ги има најдобрите голгетери во лигата Бесарт Ибраими и Марјан Радески од кои нормално се очекува да бидат предводници до евентуалната победа.
„Овој меч е дерби, и како таков нормално е да решаваат детали, една ситуација. Шкупи е екипа за голем респект, но ние имаме свои амбиции и планови од кои ниту во еден момент е се откажуваме, па нормално е и на овој меч да одиме на победа“ – вели Бесарт Ибраими, на што се надоврзува и Марјан Радески.
„Голем респект кон противникот, кој има одличен тим. Секој од нас мора да даде 200% за да стигнеме до она што го посакуваме. Не е важно кој ќе постигне гол, важно е на крајот Струга ТЛ да триумфира“ – вели Радески за клупскиот сајт на Струга ТЛ.