Екипата на Реал Мадрид предмалку на гостински терен против Џирона оствари уште една сигурна победа сезонава. Конечниот резултат гласи 0:3, а гостите имаа двојно водство по само дваесетина минути. Хоселу односно Чуамени поговија во 17. и 21. минута, за да Џуд Белингам во второто полувреме, поточно во 71. минута ги постави конечните 0:3. До крајот на мечот Мадрид остана и со играч помалку откако Начо Фернандез заработи црвен картон.
Со ова заврши одличниот старт на тимот на Џирона сезонава кој имаше серија на победи, и досега собра 19 бода. Сепак, налета на Реал Мадрид кој на малиот клуб му одржа лекција по фудбал.