Рома има катастрофален старт во новата сезона во Серија А. Тимот кој што е преполн со ѕвезди за италијански услови, требаше да се бори за титулата во сезоната 2023/24, но тимот со Жозе Мурињо на клупата доживива такви фудбалски лекции да тоа биде просто несфатливо.
Така и синоќа кога Џенова која до вчера играше во Серија Б просто го декласира тимот на “Специјалниот“ со неверојатни 4:1.
По бројните повици и шпекулации, дека е време газдите на римскиот клуб да му се за заблгодарат на Жозе и да му врачат „шут – карта“, доаѓа трезвено размислување дека ако тоа се случи, тогаш клубот ќе мора да му исплати 15 милиони евра.
А Рома таков луксуз не може да си дозволи.