Само три тима со перфектен скор: Можно ли е изненадување во Супер-лигата?

382

Денеска продолжуваат мечевите од Супер-лигата, на програмата е четвртото коло. Само три екипи немаат пораз после три одиграни натпревари. Во групата А, македонскиот вицепрвак, Алкалоид е лидер со максимални девет бода, исто колку и Тивеш, додека во групата Б, единствен со перфектен скор е Вардар 1961.

Вардар 1961 својата серија ќе може да ја продолжи на гостувањето кај Прилеп, мечот е закажан во 18:30 часот.

Во групата А, прв на теренот ќе истрча Тиквеш, му гостува на Куманово (13 часот), додека пак Алкалоид е гостин на Аеродром, мечот е закажан во 19 часот.

Бранителот на титулата, Пелистер по тешкиот дуел со Кил, ќе има шанса да се рехабилитира кај Вардар Неготино.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 4
30.09.2023 – САБОТА
13:00 часот МРК КУМАНОВО – ГРК ТИКВЕШ 2014
14:30 часот РК СТРУГА – РК СКОПЈЕ 2020
18:30 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК МУЛТИ ЕСЕНС
18:30 часот РК ПРИЛЕП – РК ВАРДАР 1961
18:30 часот ГРК ОХРИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:00 часот РК АЕРОДРОМ – РК АЛКАЛОИД
01.10.2023 – НЕДЕЛА
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7
ПретходноВМФЛ: Лидерот има лесно гостување во Струга, Кожув го дочекува Тетекс, Пелистер против Вардар во Неготино…
СледноАнтиќ и Георгиевски назначени за членови на натпреварувачката комисија во ФИБА и ФИБА Европа