Толку од Ѓоко Хаџиевски во Вардар како спортски директор, одсега е тренер на Хајер во Саудиска Арабија

2865

Ѓоко Хаџиевски не е повеќе дел од раководните структури на Вардар односно не е повеќе спортски директор. Тој денеска е промовиран како нов тренер на второлигашот од Саудиска Арабија, Хајер, кој го ангажира нашиот искусен стратег.

На официјалната страна на клубот Хаџиевски веќе е најавен како нов шеф на стручен штаб, а ФК Вардар исто така веројатно ќе треба да се огласи на темава.

А само вчера токму Ѓоко Хаџиевски беше еден од носителите на последната прес конференција на ФК Вардар на која сегашните раководни структури по којзнае кој пат и се обратија на јавноста со апел за спас на клубот и со поголем ангажман на државните институции на темата. Сепак, очигледно дека за Хаџиевски истата беше и своевидно збогум.

За Хаџиевски ова е уште еден ангажман во низа на Блискиот исток каде што ги има повеќе во последните години. А што се однесува до ФК Вардар и неговиот ангажман, слатка е функцијата ама очигледно послатки се парите. „Жалопојките“ дека Вардар на сите ние во срцето проаѓаат само ако се поткрепени со дела и со конкретни потези, а сликањето и објавите на социјални мрежи се само за лајкови и шерувања. И ништо друго

ПретходноГоран Здравков пред дуелот со Вардар: Максимално сме подготвени, Брегалница оди на победа!
СледноМилан го “скрши“ Лацио за еуфорија на „Сан Сиро“!