Барселона славеше против Севиља со 1-0 во рамките на 8. коло во Ла Лига. Единствениот погодок беше дело на Серхио Рамос, кој постигна автогол. По завршување на мечот, предводникот на каталонскиот гигант, Чави Хернандез смета дека победа е заслужена.
„Задоволен сум, но мора мора да ја подобриме ефективноста. Одигравме тврд меч. Но, сепак добро напаѓавме и го направивме она што го наложуваше мечот. Брзиот гол не беше достапен, но сепак успеавме, макар и преку автогол. Резултатот е праведен. Севиља беше силен тим, но ние доминиравме и создававме шанси. Игравме против супер тим, победник во Лига Европа. Морам да му оддадам почит на Серхио, кој одлучи да игра и понатаму. За жал со неговиот автогол мечот се сврте во наша корист. Серхио е страшен играч и професионалец, тој се уште игра на високо ниво“, изјави Чави.
Барселона го држи првото место во Ла Лига, но оваа позиција може да ја загуби по дуелот меѓу Џирона и Реал. Каталонците имаат 20 бода, зад нив е Џирона со 19 и Реал со 18.