Чaви остана без уште еден првотимец за „Ел Класико“

161

Крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња го скинал бунтниот мускул и ќе биде надвор од терените најмалку еден месец, пренесува „Ас“. Тоа значи дека Бразилецот ќе го пропушти „Ел Класико“ дуелот кој следува на 28 октомври.

Рафиња ја заработил повредата уште пред полувремето на синоќешниот меч со Севиља (1:0) и беше заменет во 37. минута. Попрецизна дијагноза и период на опоравување ќе се знае денеска по деталниот преглед.

ПретходноУЕФА го казни Партизан со еден меч без присуство на навивачи
СледноЕкс-репрезентативец на Холандија пријавен за исчезнат, па пронајден издрогиран во хотел!?