Четворица македонски судии ќе судат натпревари во ЦЕВ Челинџ Купот

103

Македонските одбојкарски судии ќе судат на неколку средби од првата рунда на женското издание на Челинџ Купот на ЦЕВ. Европскат аодбојкарска конфедерација веќ еги делегираше судиите за натпреварите од квалификациските кола во челинџ Купот и во машка и во женска конкуренција кои започнуваат за десетина дена.

Во женското издание на ова трето по квалитет натпреварување под капата на ЦЕВ каде годинава ќе имаме и еден македонски преставник во името на шампионот Работнички, нашиот искусен арбитар Никола Мицевски доби задача да биде прв судија на пресметката меѓу ПАОК (Грц) и Олимпијада (Кип) закажан за 11 октомври. Него ќе му асистира Израелецот Тиран Шаино.

Нашиот Влатко Ристовски кој судеше и на машкото Европско првенство оваа година, сега е делегиран како прв судија на мечот меѓу Тетис Вула (Грц) и Нилуфер Бурса (Тур) закажан исто така за 11 октомври. Тој ќе суди во пар со Борислав Јорданов од Бугарија.

Како прв судија на меч од ЦЕВ Челинџ Купот ќе биде и Орданче Амбарков. Тој во пар со Константинидес од Кипар ќе го суди натпреварот меѓу Обербанк (Авс) и Трнава (Свк).

Последен во низата македонски судии со европски обврски овој октомври е Јосип Христов, кој ќе биде втор судија на мечот Холте (Дан) и Спортинг Лисабон (Пор). Прв судија на тој меч ќе биде Норвежанецот Гронвик-Трансет.

ПретходноГолманот за кој се зборува: Одбрани пенал, па погоди за да го спаси тимот од пораз (ВИДЕО)
СледноТиквеш со „четири од четири“ во Супер лигата