ВМФЛ: Лидерот има лесно гостување во Струга, Кожув го дочекува Тетекс, Пелистер против Вардар во Неготино…

320

 

Попладнево од 14 часот на програмата се сите осум натпревари од 7.коло во ВМФЛ. Во ова коло нема класично дерби, па така фаворитите се во очекување на нови бодови.

Лидерот Беса во Струга против Караорман не би требало да има поголеми проблеми околу трите бода. Кожув игра дома со Тетекс, тим кој што во последно време игра добро, но гевгеличани ја имаат улогата на фаворити.

Детонит го дочекува Башкими, а Пелистер му оди на гости на Вардар во Неготино.

На останатите средби Беласица му е домаќин на Охрид, Новаци посакува победа против Осогово, додека Победа кај Саса ќе се обиде да дојде до триумф. На Автокоманда домашниот состав на Скопје го дочекува Арсими.

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Беласица – Охрид

Новаци – Осогово

Саса – Победа

Детонит – Башкими

Кожув – Тетекс

Караорман – Беса

Вардар (Н) – Пелистер

Скопје – Арсими

ТАБЕЛА

Беса 15, Кожув 15, Пелистер 13, Детонит 13, Охрид 10, Башкими 10, Новаци 10, Арсими 9, Беласица 9, Тетекс 9, Победа 8, Вардар (Н) 6, Скопје 4, Осогово 3, Караорман 3, Саса 2 бода..

ПретходноОчаен обид: Наполи јавно му се извини на Осимен
СледноСамо три тима со перфектен скор: Можно ли е изненадување во Супер-лигата?