Голманот за кој се зборува: Одбрани пенал, па погоди за да го спаси тимот од пораз (ВИДЕО)

176

На натпреварот од француската 4-та лига меѓу екипите на Авранш и Гол, голманот на домашниот тим се прослави со два подвизи кои предизвикаа воодушевање кај спортската јавност.

Ентони Буве, голманот на Авранш успеа да го направи за само неколку минути, она што речиси никогаш не се гледа од голман.

Неговиот тим кон крајот на натпреварот губеше со 0:1 кога судијата досуди и пенал за гостите, па екипата на Гол имаше идеална можност да стави точка на победата. Сепак, Буве ја фати „Паненката“ на противничкиот фудбалер, а потоа, во екот на драмата, по еден центаршут, веројатно последен на мечот, со глава успеа и да постигне гол за израмнување.

Неговиот гол многумина веднаш потсети на речиси идентичниот потег што неодамна го изведе голманот на Лацио, на натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико.

ПретходноЗаборски и Стојановиќ ќе се борат за бронза на Светската карате лига
СледноЧетворица македонски судии ќе судат натпревари во ЦЕВ Челинџ Купот