Утре во Штип, во меч од 9.коло, спектакл. Брегалница ќе го дочека Вардар. Ова ќе биде шанса за составот а стратегот Горан Здравков да им се врати на победите.
На денешната прес конференција, во пресрет на утрешниот меч со Вардар, шефот на стручниот штаб на Брегалница покрај другото изјави:
„Атмосферата во тимот е на највисоко ниво во пресрет на утрешниот дуел со Вардар. Тимот е максимално подготвен, не криеме дека одимена победа. Вардар е предизвик, но ние посакуваме победа со која ќе ги израдуваме нашите фанови“ посочи Здравков.
Натпреварот, како и сите останати утрешни мечеви од 9.коло во ПМФЛ, започнува во 14 часот.