Екс-репрезентативец на Холандија пријавен за исчезнат, па пронајден издрогиран во хотел!?

416

Поранешниот фудбалер и холандски репрезентативец Дерил Јанмат, заврши на клиника за рехабилитација поради сериозни проблеми со алкохолот и дрогата. Неодамна Јанмат беше пријавен за исчезнат, па на крајот беше пронајден издрогиран во еден хотел. Поранешниот репрезентативец на Холандија бил „под дејство на дрога и алкохол, дезориентиран и збунет“.

Дерил ја заврши својата кариера во 2022 година. Работеше и како технички директор во Ден Хаг, но не се задржа долго. Се верува дека неговите проблеми започнале многу порано и тоа делумно доведе до крај на кариерата на еден одличен дефанзивец.

Јанмат играше за Херенвен и Феенорд пред да замине во Англија, каде што помина две сезони во Њукасл и четири во Вотфорд. За репрезентацијата на „Лалињата“ забележа 34 настапи, а играше и на Светското првенство во Бразил, каде Холандија беше трета.

ПретходноЧaви остана без уште еден првотимец за „Ел Класико“
СледноЛина во финалето на ИТФ турнирот во Србија