Сосиедад сигурен против Билбао

48

Тимот на Реал Сосиедад освои значајни три бода на домашен терен откако триумфираше со конечни 3:0 против тимот на Атлетик Билбао. Во меч во кој доминираше од првата минута, домаќинот обезбеди водство во 30.минута преку Ле Норманд.

Во второто полувреме Кубо во 48. минута го удвои водството на домаќинот, а Ојарзабал во 66. минута ги постави конечните 3:0.

Сосиедад со овој триумф има 15 бодови од осум меча.

 

ПретходноЛаутаро постигна четири гола за половина час (ВИДЕО)
СледноГолманот на РКЦ Валвијк во болница, молк на дуелот со Ајакс (ВИДЕО)