УЕФА го казни Партизан со еден меч без присуство на навивачи

104

Белградски Партизан е казнет од УЕФА со еден натпревар на домашен терен без присуство на навивачи поради инцидентите кои ги преиредија неговите навивачи на последниот европски натпревар одигран на домашен терен.

Станува збор за натпреварот против Нордсјеланд во плеј-офот за Лигата на конференции, а европската куќа на фудбалот навивањето во одредени моменти го оцени како расистичко.

Поради ова, следниот европски натпревар „црно-белите“ ќе мора да го играат зад затворени врати, додека казната се однесува на уште еден натпревар условно во следните две години.

ПретходноКожув го предизвикува МЗТ Скопје!
СледноЧaви остана без уште еден првотимец за „Ел Класико“