Екипата на Чаир ја заврши својата авантура во Европа онака како што ја почна. И на реванш мечот против Венло, македонскиот тим беше немоќен, неше совладан со убедливи 43-18.
Овој дуел беше решен после едно полувреме кое домашните ракометарки го добија со 22-9. Во продолжение од натпреварот, Венло без проблем ја полнеше мрежата на македонскиот претставник, за кого пак учеството во ЕХФ Европскиот Куп ќе остане едно големо искуство.
Којовиќ постигна четири гола, додека Диневска и Рахмани имаа по три погодоци.