Баер (Л) убедени дека Чаби Алонсо нема да им побегне во Реал (М)

171

Спортскиот директор на Баер (Л), Симон Ролфес ги коментираше гласините за потенцијалното заминување на тренерот на тимот, Чаби Алонсо во Реал Мадрид.

„Тој го продолжи договорот не толку одамна, и тоа го направи со причина, затоа што знае дека градиме голем проект. Тој има многу добар тим, многу добар стручен штаб и целосна поддршка во нашиот клуб. Тоа е она што го мотивира него и нас. И мислам дека тоа се гледа и кај играчите. Затоа и го продолжи договорот. Да, има гласини, но тоа се случува. Јас сум мирен“, изјави Ролфес.

ПретходноМурињо: Летово одбив една луда понуда и не мислам туку така да си одам од Рома
СледноБез одигран меч во Портланд, Холидеј веќе се пресели во Бостон