Седумкратниот француски шампион Лион катастрофално ја почна сезоната во Лига 1. „Лавовите“ денеска во седмото коло се поразени на гостувањето кај Ремс со 2:0 што е нивни втор пораз под раководство на новиот тренер Фабио Гросо, па со само два бода (две ремија) е на последното место на табелата.
Лион има ефект од две ремија и пет порази, но не само тоа, има најмалку дадени голови (само три), а примени 13. Освен тоа по првите седум натпревари Лион се уште нема постигнато гол во прво полувреме.
Неверојатно лошо игра составот од Лион кој некогаш се бореше за трофеи.