Супер- дербито на Чаир, меч од 9.коло во ПМФЛ, меѓу Шкупи и Струга ТЛ го добија домашните со 2:0 и тоа со головите на Куевен и Воша. Треба да се каже дека Радески на 0:0 имаше зицер за Струга ТЛ, но Илјази фантастично одбрани. На 1:0 Шкупи имаше и пенал, но Ќосевски го одбрани ударот на Трапановски, во тој момент гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Ѓорѓиевски.
Гостивар до 89.минута имаше водсто против Шкендија, но Цаке со убав гол успеа да ја спаси својата екипа од пораз.Одличен меч пред преполна трибина во Гостивар, на крај 2:2.
Во Штип изнеадувачки Вардар одигра 0:0 кај Брегалница. „Сините“ во судиското продолжение постигнаа гол за победа,но истиот беше поништен поради офсајд.
Работнички со голот на Мазари уште во раната фаза на средбата,успеа да го победи Тиквеш со 1:0 и да освои големи три бода.
Голеада во Кратово, Силекс со 4:2 ја победи Воска, иако гостите поведоа со 0:1, но Марко Ѓорѓиевски двапати, а по еднаш Зајиќ и Каланоски стрелаа за победа. Марушиќ беше двоен стрелец за гостите.
РЕЗУЛТАТИ – 9.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0:0
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 2:2
(Атиемвен 12., Потук 45./Тотре (п) 24., Цаке 89.)
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1:0
(Мазари 21./)
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 2:0
(Куевен 52., Воша 90./)
СИЛЕКС – ВОСКА 4:2
(Зајиќ 19., Ѓорѓиевски 30.,39., Каланоски 48./Марушиќ 8., 61.)
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕРА 1:0