Прва победа на Дармштат и тоа против Вердер! (ВИДЕО)

70

Попладнево во претпоследниот натпревар од 6.коло во Бундеслигата, Дармштат на свој терен со 4:2 убедливо го победи Вердер. Ова е прв триумф на тимот кој до пред неколку месеци играше во втората по ранг лига во Германија.

Домашниот состав имаше водство од 4:0 во 62.минута и тоа со головите на Бадер, Скарке, Мелем и Кемпе. Во последната фаза од средбата, тимот на Вердер успеа да го ублажи поразот со головите на Деман и Вељковиќ за конечни 4:2.

ПретходноАлександар Васоски: Добро е што освоивме бод, но Вардар можеше и да победи во Штип!
СледноШтипјани не забораваат: Брегалница му врачи специјален дрес на Гачевски!(ФОТО)