Денеска на програмата од 18 00 часот е големото дерби на шампионатот на Хрватска помеѓу екипите на Хајдук Сплит и Динамо Загреб. Дуелот кој се чека со месеци ќе биде интересен и за нас затоа што ќе настапат нашите репрезентативци, Александар Трајковски за домаќинот, и Аријан Адеми за Динамо. За жал, Стефан Ристовски сеуште е повреден.
Како најава за големото дерби, домашната навивачка група Торцида синоќа направи вистинска фешта на популарната „Рива“ каде што запали стотици фалеки кои изгледаа прекрасно. Целата глетка е фантастична, Сплит живее за својот Хајдук и ова големо дерби, а денешниот меч ќе биде вистинско уживање.