Без победник заврши вечерашното дерби на 7. коло од италијанската Серија А меѓу Аталанта и Јувентус. Средбата во Бергамо заврши со најнепопуларните 0:0 во меч во кој домашните имаа и одлични шанси да дојдат до трите бода.
Првите 45 минути не понудија добар фудбал, но видовме дна полушанса која Запакоста не успеа да ја претвори во гол за Аталанта.
Во вториот дел Аталанта најпрвин се закани преку Едерсон, а потоа на другиот крај шанса за Киеза кога Мусо го одбрани ударот.
Најголемата шанса за домашните дојде по слободен удар кој го изведе Муриел, а топката влезе директно во голот, но Шчесни успеа да го спаси голот со врвовите на прстите, а потоа топката се одби од гредата и отиде надвор од теренот.