По точно една деценија, Гостивар и Шкендија одново во прволигашка битка, одново во битка за Полог. Денеска од 14 часот во меч од 9.коло во ПМФЛ, Гостивар на свој терен го дочекува лидерот, а целта е јасна, да се победи и да се освојат трите бода.
“Македонскиот Челзи“ охрабрен по триумфот над Вардар на гости,сега сака и триум над Шкендија.Тоа би бил прв официјален во досегашните седум меѓусебни меча.
Шкендија пак нема намера така лесно да го испушти врвот, а за тоа потребно е да денеска да се победи на гостувањето кај Гостивар.
Младиот напаѓач на тетовци, Дашмир Елези во пресрет на денешниот дуел истакна:
“Атмосферата во тимот е одлична, подготвени сме да одговоиме на предизвикот.Знаеме дека не очекува тешко гостување, но одиме на победа и три бода. Сакаме да почнеме нова победничка серија“.