Бутел Скопје сигурен, Голден Арт имаше сили за едно полувреме

57

Бутел Скопје ја доби скопската пресметка со Голден Арт, славеше со 29-23 во последниот меч од четвртото коло во Супер-лигата. За домашниот тим ова беше втора победа сезонава, додека за втор пораз во групата Б.

Ракометарите на Голден Арт беа рамноправен противник во првото полувреме, во кое водеоа со 2-4 и 5-3. Пред крајот на првото полувреме, избраниците на Горан Кузманоски со серија од 4-1 на одморот заминаа со водство од 12-10, а веќе во следниот период сликата се промени.

Бутел Скопје потврди зошто е фаворит на оваа средба, дојде на плус пет (18-13), а потоа и на плус седум 24-17, позитива која беше доволна за сигурна победа.

Ѓеоргиевски, Николов и Иваниќ со по пет гола беа најефикасни кај победникот, на другата страна исто по пет погодоци имаа Ончев и Шилегов.

По четвртото коло во групата Б, лидер е Вардар со максимални четири победи, исто скор во групата А имаат Алкалоид и Тиквеш.

ПретходноФрајбург преку Аугсбург до третата победа сезонава!
СледноГостивар тргна победнички, Пелистер не го преживеа „Младост“