Матеј Белистојаноски членот на карате клуб Олимпик спорт 2007 Скопје Македонија, освои бронезен медал на Карате 1 Серија во Ларнака овој викенд во Кипар . Тој е член и на карате клуб Олимпик и на Македонската карате репрезентација која се спрема за учество на светското првенство.
Белистојаноски (-60 кг) во борбата за бронзата го совлада Италијанецот Кристијан Сабатино 2-1 и се избори за медалот со бронзен сјај и 3 место со кое ветува многу во понатамошните натпревари . Ова му е прв медал во Сениори А претходно има медали во кадети , јуниори и У 21 од меѓународни натпреварувања.
Ја темпира формата за Светското првенство во Будмпешта од 24 до 29 октомври, а тоа е знак дека ќе може да ја израдува македонската јавност и од Унгарија. На овој турнир на Карате 1 Серија А настапија 936 натпреварувачи од 76 држави од целиот свет . Резултати: -60 кг Матеј Белистојаноски – Лиридон Зеналај (Белгија) 6-1, Матеј Белистојаноски – Јемал Микеладѕе (Грузија) 3-0, Матеј Белистојаноски – Билал Бузакри (Холандија) 2-0, Матеј Белистојаноски – Моејидмохамад Могжи (Иран) 4-0,. Полуфинале: Матеј Белистојаноски – Зајад Али (Египет) 4-7. За бронза: Матеј Белистојаноски – Кристијан Сабатино (Италија) 2-1.