Инзаги: Имаме искусни играчи кои знаат да се прилагодат

144

Интер синоќа ја заработи многу потребната победа на гостувањето кај Салернитана со фантастичната изведба на Лаутаро Мартинез кој влегувајќи од клупата за половина час постигна четири гола и поставувајќи ги конечните 0:4 на семафорот.

Тоа секако на тренерот Симоне Инзаги и тоа како му се допадна со назнака дека Интер на овој начин е лидер на табелата.

„Ова е многу важна победа. Создадовме многу шанси во првото полувреме кои требаше да ги реализираме. Подобро се справивме со топката во вториот дел. Имавме само ден и пол да се подготвиме за овој натпревар, момците се трудеа многу, но не можевме подобро во првото полувреме. Сепак, тимот секогаш ја одржува формата. Откако го откривме резултатот, стана полесно. Очекувавме Салернитана да игра дефанзивно и не изненадија. Сепак, имаме искусни играчи кои знаат да се прилагодат. Утврдивме неколку работи за време на паузата и ги подобривме“, изјави Инзаги.

 

ПретходноГостиварскиот пекол прв предизвик за Пелистер
СледноПолувреме: Полна трибина во Гостивар а домашните водат со 2:1, без голови на Чаир и Штип, супер пресврт на Силекс, Работнички води!(ВИДЕО)