Кадиз го „стресе“ Мадрид, но Атлетико се врати со пресврт до победа

80

Атлетико (М) за малку можеше да им приреди непријатен шок на своите навивачи на мечот со Кадиз во рамките на 8. коло во Ла Лига, но за среќа на „јорганџиите“ на крајот се се заврши добро.

Атлетико (М) славеше во дуелот со Кадиз со 3:2 во меч во кој гостите успеаја во првите половина час од мечот да направат предност од 0:2 и да најават дека се дојдени по сензација во Мадрид. Сепак, голот на Анхел Кореа во 32. минута, успеа веднаш да ги осуети намерите на гостите, кои многу брзо на стартот на вториот дел од мечот, комплетно паднаа во вода.

Во 46. минута Молина успеа да израмни на 2:2, а комплетниот пресврт на мечот го најави Анхел Кореа со својот втор гол во 66. минута.

Атлетико со 16 бода остана на 4.  место на табелата зад Реал, Барселона и Џирона.

Во вториот натпревар вечерва, Бетис немаше проблеми со Валенсија и ја совлада со убедливи 3:0.

ПретходноМурињо може да здивне: Рома ја оствари само втората победа во Серија А (ВИДЕО)
СледноЃорческа со скок од 30 места на ВТА ранг листата