Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике со одбрани зборови зборуваше за Килијан Мбапе. Шпанецот нема дилеми кога станува збор за најдобриот фудбалер во светот, а тоа е францускиот репрезентативец. Иако ПСЖ не може да се пофали со своите резултати, сепак Мбапе е прв стрелец во Лига 1 со седум гола.
„Пред да дојдам во ПСЖ мислев дека доволно го познавам Килијан како играч. Но, она што сега можам да го истакнам се неговите неверојатни технички и физички потенцијали поради кои без двоумење тврдам дека е најдобар играч во светот. Ова не го зборувам бидејќи сум негов тренер, туку поради сето она што го гледам. Исто така мислам дека припаѓа на затворен круг од три до четири елитни фудбалери кои сами можат да го решат мечот, а Мбапе е еден од нив“, рече Енрике.
ПСЖ има шанса да го поправи впечатокот во Европа бидејќи има разочарувачки скор од 3-3-1.