Мурињо: Летово одбив една луда понуда и не мислам туку така да си одам од Рома

182

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо пред натпреварот меѓу Рома и Фросиноне, овој викенд во рамките на седмото коло на италијанското првенство на новинарите им откри дека ја добил „најлудата понуда во историјата“. Португалскиот тренер, кој е под притисок за својата позиција поради лошите резултати на стартот од сезоната, изјави дека не прифаќа дека е на стаклени нозе во Рома.

„Летово ја добив најголемата понуда во мојот живот, најлудата понуда во историјата на фудбалот. И ја одбив. Три месеци подоцна изгледа како да сум во проблем. Но, не прифаќам. До јуни 2024 година ќе бидам тука за да работам и да се борам. Само еден човек може да ми каже дека се е готово пред 30-ти јуни: тоа е г-дин Ден Фридкин (претседател на Рома). Јас сум истиот човек, без разлика дали сум на крајот од мојот договор или имам 10-годишен договор“, вели Мурињо.

ПретходноСуперкласико: Ривер Плата слави на „Бомбонера“
СледноБаер (Л) убедени дека Чаби Алонсо нема да им побегне во Реал (М)