Денеска од 14 часот во рамките на 9.коло во ПМФЛ, на програмата се пет натпревари. Вчера Македонија ЃП ја победи Брера со 1:0.
Интересни пет меча, речиси сите дербија, но супер –дербито е на Чаир каде се среќаваат двата последни шампиони, Шкупи и Струга ТЛ, третата и втората екипа на табелата. Секако дека ова е еден од оние средби кои се очекуваат со големо внимание. Струга ТЛ е во налет, влезе во победничка серија, сака победа на Чаир,сака конечно да го запоседне самиот врв на табелата. Шкупи предводен од новиот стратег Младен Жижовиќ има три од три, и сега пред своите верни фанови ќе оди по трите бода. Тука нема дилеми. Ова е меч за полни трибини на Чаир.
Кога сме кај традицијата, таа е на страната на Струга ТЛ. Шест победи, четири порази и три ремија е исходот во тие одиграни 13 официјални средби со Шкупи.
Интересно ќе биде во Кратово каде домашниот Силекс ја дочекува Воска Спорт. Еве шанса за тимот на стратегот Горазд Михаилов уште повеќе да зголеми бодовното салдо. Во Скопје на “Борис Трајковски“, Работнички го дочекува забревтаниот Тиквеш. Тука ќе има голема борба и неизвесност.
На останатите два меча се среќаваат Брегалница – Вардар како и Гостивар – Шкендија.
ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Штип: Брегалница – Вардар
Скопје:Работнички-Тиквеш
Скопје:Шкупи – Струга ТЛ
Кратово: Силекс- Воска
Гостивар: Гостивар – Шкендија
ВЧЕРА:
Македонија ЃП – Брера Струмица 1:0
ТАБЕЛА
Шкендија (-2) 16, Струга ТЛ (-3) 15, Шкупи (-1) 15, Брера 14, Силекс (-1) 13, Тиквеш (-1) 13, Македонија ЃП 11, Работнички (-1) 10, Брегалница (-1) 9, Воска Спорт (-1) 7, Гостивар (-1) 6, Вардар (-2) 4 бода…